По завршувањето на основното училиште изборот за продолжување на понатамошното образование е многу обемен.Во последните години се повеќе и повеќе е барана електротехничката и компјутерската струка како во домашните така и во компаниите во странство.Со тоа до поголем израз доаѓаат училиштата од техничките струки, од кои по изборот на активни струки нашето училиште најмногу се истакнува...
прочитај повеќеВо нашето училиште ќе се стекнете со драгоцено знаење од струката која ќе ја изберете.Благодарение на големиот спектар на насоки и на нашиот професионален кадар многу лесно ќе можете да се приспособите на новата средина и ги научите темелите на струката за која ќе се одлучите, што ќе ви биде многу битно во понатамошниот личен развој...
прочитај повеќеПо завршувањето на средното образование во нашето училиште вие ќе бидете богати со трајни знаења од насоката за која што сте учеле и ќе имате јасна претстава за можностите кои ќе ви ги отвори нашето училиште без разлика дали ќе се одлучите да го продолжите вашиот образовен пат или ќе се обидете да ги примените знаењата стекнати во нашето училиште преку работа во некоја фирма од струката за која што се учеле...
прочитај повеќе
Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ — средно училиште во општина Гази Баба. Во 1954/1955 година за потребите на стопанството за квалификувани работници од металска струка, во индустрискиот дел на Скопје, било формирано стручното металско училиште за ученици во стопанство „Коце Металец“. Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во учебната 1963/1964 година, училиштето е проширено со паралелки од електро и автосообраќајната струка. Во 1970 година изградена е новата училишна зграда во која денес се изведува воспитно-образовниот процес, со што се создадени поповолни услови за теоретска и практична настава.